top of page

интернет маркетинг

 

Е-МАРКЕТИНГ

 

Во ерата во која што квалитетот и брзината на протокот на информации е клучна во опстојувањето на индивидуите и бизнисите, маркетингот ја доживува својата преродба. Преродба во која ни се овозможува промоција на она што го знаеме, умееме, можеме и нудиме на што поголем аудиториум, користејќи што е можно поефективни начини. А, зошто всушност, е-Маркетингот станува се покористена алатка на компаниите? Едноставно: ЗАТОА ШТО ТАМУ СЕ КЛИЕНТИТЕ!!!·

 

Е- Маркетинг?! Зошто на мојот бизнис му е потребен е-Маркетинг?

 

Дали некогаш сте се запрашале што најчесто прават клиентите или потенцијалните клиенти на Вашиот бизнис? Каде и како најчесто го поминуваат своето слободно време? Оние кои што имаат помлада (во години) целна група сигурно ќе речат: на интернет! И повеќето од раководителите на останатите бизниси сигурно ќе потврдат дека и нивните компании користат некаква форма на електронско присуство на светската интернет мрежа, од проста и едноставна причина – нивните клиенти и соработници го налагаат тоа! А сигурно овој тренд нема да запре во блиска иднина...

 

Денес, кога квадратурата на излогот и канцелариите не се мерило за успешноста на одредена компанија туку нејзините интернет активнсти, кога вработените можат со еден потег на интернет да го промовираат Вашиот бизнис со едноставен „клик“, и кога Вашиот „деловен простор“ е видлив за целиот свет, ќе Ве запрашаме: дали навистина сакате да бидете анонимни во светот на уникатноста?!

 

Ако одговорот е не, тогаш запрашајте се што се можете да направите Вие, за Вашиот бизнис да биде помеѓу оние компании, кои што Вашите клиенти ги преферираат и почитуваат.

 

Следните 7 активности на е-Маркетингот можат значително да го подобрат работењето на Вашата компанија:

 

# 1 – Креирајте веб-страна за Вашиот бизнис

 

На веб-страната гледајте како на долгорочна инвестиција, а не како на трошок. Се додека истата Ви носи потенцијални клиенти – таа е Вашата најдобра долгорочна инвестиција! Запрашајте се што сакаат Вашите клиенти да дознаат за Вашата компанија и нејзиното работење од прва рака, и поставете ги тие информации на истата. Нека веб-страната биде информативна, едноставна и лесно читлива информација за основните параметри на компанијата и нејзините производи и услуги.

 

Не заборавајте да ставите контакт информаци, место за прашања или предлози, анкети... ако на клиентите им дадете можност да бидат инволвирани во бизнисот – тие ќе се чувствуваат поодговорно кон Вашата компанија!

 

# 2 – Активирајте се преку е-пошта (е-маил)

 

Електронската пошта е сигурно помеѓу најевтините начини на е-маркетингот во денешно време, но воедно, и еден од наомразените методи од страна на клиентите! Затоа, бидете внимателни кога, кому и колку често ги користите можностите на е-поштата.

 

Сепак, љубезно напишаното писмо до Вашите партнери и клиенти, брзото и навремено одговарање на прашања на конзументите на вашите продукти, повременото промовиирање на нови производи, услуги и е-каталози, во комбинација со предходно добро креирана дата-база може на вашиот бизнис да му ја донесе онаа компаративна предност што ја посакувате.

 

# 3 – Промовирајте и рекламирајте се преку социјалните мрежи

 

Со помош на интернетот, социјалните мрежи како Facebook или Tweeter имаат огромна моќ на интерперсонално рекламирање и промоција. Овозможувањето на споделување на инстант информации и активности на Вашиот бизнис со останатите „блиски“ соработници, пријатели и клиенти Ви ја дава предноста не само во информирањето, туку и во добивањето брзи и квалитетни повратни информации кои можат многу да помогнат во креирањето и воопшто функционирањето на вашите тековни и идни бизнис активности.

 

Предност е и тоа што цената на чинење е минимална, дури и занемарлива, а и не е потребен некој поголем напор за континуирано ажурирање на активностите.

 

# 4 – Бидете присутни на веб-просторот

 

Присутноста на веб-просторот подразбира одредено рекламирање (платено или неплатено) на други веб-локации, портали и системи за пребарување освен Вашиот сопствен веб-простор. Ова најчесто ги вклучува „банерите“ и „линковите“ до вашата веб-страна, од други веб-простори.

 

Обидете се да бидете што е можно повеќе присутни во одредени сегменти на веб-просторот каде што Вашите клиенти посетуваат повеќе време, било да се тоа забавни портали, информативни секции, групи од одреден интерес, или пак веб-простор со сродни и компатибилни содржини.

 

Споделувањето на фотографии, видеа, аудио или пишани документи (во зависност од природата на Вашиот бизнис, се разбира) е лесно изводливо, а може да се пакаже како многу корсно во одредени случаи.

 

# 5 – Поддржувајте „блогирање“

 

Поддржувајте „блогирање“ на теми кои се релевантни за Вашиот бизнис и Вашата компанија. Доколку не сакате да се занимавате со пишување, најдете лица или „блог заедници“ што се занимаваат со тоа и најдете форма за да ги поддржите. Иако, можеби релевантноста на ваквиот тип на информации не е најверодостојна, сепак знае да биде корисна за повеќето намерници што можеби би се заинтересирале за продуктите што ги нудите.

 

Во секој случај, можете и да се обидете, на Вашата веб-страна да оставите простор за отворени дискусии поврзани со она што го нудите.

 

# 6 – Оптимиација на системите за пребарување

 

Оптимизацијата на системите за пребарување подразбира застапеност на Вашата компанија помеѓу релевантните информации кои Вашите (потенцијални) клиенти ги пребаруваат преку разните системи за пребарување. Тоа можат да бидат општи системи како: Google, Bing, Yahoo или пак регионални и локални системи кои пребаруваат содржини од специфичен регионален или локален карактер, како на пр. ЕxploringMacedonia, e-Oglasi, или MakExpo.

 

Зголемувајќи ги соддржините на интернет просторот, потенцијалните корисници секојдневно бараат релевантни и довреливи извори на информации кои што ќе им послужат во одбирањето на адекватен избор на производи и услуги или бизнис-партнтери кои ќе успеат да ги задоволат нивните се поприбирливи потреби. Скапо или евтино, овој вид застапеност на сиситемите за пребарување секако дека во иднина ќе има се позначајна улога во е-Маркетингот.

 

# 7 – е-Купони, е-Попусти и е-Заштеди

 

Иако овие активности не се сосема електронски, сепак се значително препорачливи со оглед на тоа што имаат доста позитивни ефекти кај клиентите и го постигнуваат саканиот ефект на зголемување на продажбата на краток рок.

 

Воведувањето на елактронски систем на плаќање сега, во Македонија и не е така „невозможна мисија“. Доколку сте во можност, воведете посебен систем на on-line продажба која би вклучувала одредени попусти, купони и заштеди во разни комбинации кои би биле подобни за Вашата компанија.

 

Впрочем, е-Купоните, е-Попустите и е-Заштедите и не мора да бидат стриктно поврзани со on-lineкупувањето, едноставно може да ги искомбинирате со пакет производите/услугите што ги нудите, преку Вашата веб-страна, е-поштата, сезонските најави, или пак во комбинација со останатите маркетинг активности.

 

Овие 7 е-Маркетинг активности воопшто не се подредени по значење или пак релевнатност за сите типови на бизниси. Нивниот избор, комбинирање или пак воспоставување на сосема нови се од особено значење за секоја компанија поодделно, во зависност од спецификите на секој бизнис поодделно, во зависност од неговото непосредно покружување..

 

 

bottom of page